„Висарис“ во Собранието

30.01.2014 16:36

Епилог за случајот „Визарис“ на собраниската седница за пратенички прашања...

Епилог за случајот „Висарис“ на собраниската седница за пратенички прашања. Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски  го обвини министерот за здравство, Никола Тодоров, за наместени тендери.

„До денес ниту една институција не се произнесе, имаме целосен молк и документите што ги побаравме од министерот Тодоров се кријат од јавноста и ни укажува на фактот дека имаме наместени тендери“, рече Спасовски.

Никола Тодоров му одговори - договорот со „Висарис“ е раскинат.  Вели дека тоа го сторил од етички, а не од правни причини. Тврди дека во постапката немало грешки, а за договорот не е исплатен ни еден денар. Праша дали сега лидерот на СДСМ ќе ги раскине договорите со семејните фирми.

„Ве молам и апелирам, јас јавно пред сите изјавив дека овој договор го раскинав. Очекувам вашиот претседател да ги раскине договорите со неговиот татко, брат, свастика, пратеници и не знам уште што. Кога тоа ќе го направат, можеби некој и ќе поверува во тоа што го говорите, меѓутоа знаете што, тука има една непоправлива работа, а што е тоа, парите таму се исплатени, нема назад“, истакна Тодоров.

Случајот „Висарис“ го отвори СДСМ пред неколку недели и обвини за медиумско-корпуциски скандал затоа што фирмата се поврзува со новинарката Ивона Талевска.

 

Наташа Гркова-Петрушевска