Вонредна дезинсекција во поплавените подрачја
26.08.2016 15:08
Градот Скопје ќе ја изврши теренската дезинсекција по барање од Министерството за здравство...

Утре од 23 до 2 часот по полноќ ќе се спроведе вонредна дезинсекција против комарци во подрачјето што беше зафатено со поплавата на 6-ти овој месец.
Градот Скопје ќе ја изврши теренската дезинсекција по барање од Министерството за здравство, а по претходно донесен заклучок од владата.
