Ренци: Помош за обнова на погодените градови од земјотресот

26.08.2016 15:21

Премиерот Матео Ренци вети финансиска помош од 50 милиони евра за обнова на урнатите подрачја, како и укинување на даноците на оваа категорија граѓани.

Италија прогласи вонредна состојба во најпогодените региони од двата земјотреса во кои загинаа стотици луѓе. Во спасувачките операции се вклучија и доброволци од бегалскиот бран од Африка и Блискиот Исток.

„Дојдов да помогнам. Се пријавив како волонтер откако гледав вести. Жал ми е за нив.“

„Сакам да им помогнам на луѓето  овде“, велат волонтерите.

Премиерот Матео Ренци вети финансиска помош од 50 милиони евра за обнова на урнатите подрачја, како и укинување на даноците на оваа категорија граѓани.

„Реконструкцијата е приоритет на владата. Најдобри сме во справувањето со кризи, но не е доволно тоа. Мора да најдеме нов начин за развој, а и за превенција“, изјави Ренци.

По обвинувањата за непочитување на градежните прописи, Ренци изјави дека историските градови не мора да подлежат на тие регулативи, а новите не може да бидат 100% сеизмички отпорни. Во двата земјотреса загинаа над 260 луѓе.