Владата и бунтовниците во Сирија постигнаа договор

26.08.2016 16:07

Режимот во Дамаск и бунтовниците постигнаа договор. Се врши евакуацијација цивилите и бунтовничките групи од Дараја. Битката за предградието на Дамск се водеше непрекинато од 2012 година поради поволната позиционираност до воздухопловната база, разузнавачката служба и на затворот...

Владата и бунтовниците во Сирија постигнаа договор. По четиригодишната опсада, од предградието на Дамаск, Дараја, се евакуираат 4.000 цивили и 700 бунтовници. Цивилите одат во владини центри, а бунтовниците во градот Идлиб кој е под контрола на овие групи.

Пристигнуваат хумантирани конвои за населението кое долго време немаше пристап до храна, вода и лекови. Битката за Дараја се води уште од 2012 година поради поволната позиционираност до воздухопловната база, разузнавачката служба и  затворот.

Истовремено, во Женева се прави нов обид за воена соработка во Сирија. Државниот секретар на САД Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров бараат решение за кризата и засилување на борбата против Исламска држава.

Екстремистите беа централна тема и на средбата на сириските и ирачките власти во Багдад. Решија да го зголемат обезбедувањето на заедничката граница откако делумно се повлекоа милитантите.

Заедно сме во борбата против тероризмот. Храбрата војска и народот победија во Фалуџа, а сега сакаме триумф и во Мосул“, изјави Валид Ал Муалем, министер за надворешни работи на Сирија.

Најефикасно ќе им возвратиме на терористите со солидарност и со соработка во економијата и дипломатијата“, вели Ибраим Ал Џафари, министер за надворешни работи на Ирак.

Џихадистите загубија пола територија која ја освоија во претходните две години во Ирак, но се уште контролираат делови на двете страни од границата.

Пред неколку дена, Турција почна офанзива во неколку сириски градови и најави чистка на своите граници од сите бунтовнички групи, вклучувајќи ја и Исламска држава.