ФЗОМ со нови здравствени услуги
40 пациентки по направена мастектомија на градите ќе добијат нови дојки...

40 пациентки по направена мастектомија на градите ќе добијат нови дојки, 5 пациенти трансплатација на црн дроб, 20 пациенти од клиниката за психијатрија кои имаат шизофренија ќе добијат современ медицински третман, ќе заживе кадаверичната трансплатација на бубрег - ова се дел од новите здравствени услуги што ќе ги додели Фондот за здравство со новите условни буџети.
„ Се воведуваат, исто така, и две многу битни интервенции што ги имаме договорено со Клиниката за кардиологија. Првата интервенција, се вели, ресинхронизациона терапија на срце и ќе замени потреба од трансплатација на срце. Значи, ќе спасиме 20 животи. Исто така воведуваме и процедура за замена на срцева валвула“. Изјави Маја Парнарџиева Змејкова, директорка на ФЗОМ
Ќе се зголемат условните буџети за 8 здравствени установи..
„ Констатиравме дека капацитетот и квалитетот во здравствените установи се веќе зголемени и можеме да финансираме дополнително за да се намалат или укинат листите на чекање“. Изјави Маја Парнарџиева- Змејкова, директорка на ФЗОМ
Целта на условните буџети е да се стимулираат здравствените установи да ги обезбедат услугите што беа дефицитарни или несоодветно планирани.
Ана Јосифоска
