Татковинска прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ од 4 до 11 септември
Објавена програмата со свечености по прогласувањето на хуманитарката Мајка Тереза за светица. Годинешен добитник на наградата е примариус доктор Димитар Котевски. Дел од средствата ќе донира за поплавените...

На 4 септември во Ватикан папата Франциск ќе ја прогласи хуманитарката Мајка Тереза за светица. Во чест на канонизацијата од 4 до 11 септември во Скопје ќе се одржува татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“. Првиот ден од прославата,католичката црква,како знак на благодарност, ќе организира света миса во спомен-куќата на Мајка Тереза.
Секој ден ќе има света миса во Катедралата во рамките на Деновите на Мајка Тереза. Бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов ги повика граѓаните да дојдат и да се помолат, зашто сите веруваме во еден Господ.Значајната прослава, понтификалната миса ќе се одржи во недела на 11 септември на плоштадот Македонија предводена од специјалниот папски кардинал сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пулиќ.
На 106 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза во Собранието доделена е државната награда Мајка Тереза. Добитник на наградата е примариус доктор Димитар Котевски, кој целиот работен век го поминал како офталмолог и хуманист.
Котевски, паричната награда ќе ја подели на здружението на слепи од Битола, на поплавените во Стајковци и на списанието Македонско сестринство.
Наташа Јанчиќ
