Агенцијата за медиуми ја усвои методологијата за предизборен мониторинг
Промени од првичната верзија има кај критериумот врз основа на кој ќе се мери балансираното претставување. Интернет-порталоте остануваат надвор од набљудувањето...

Едногласно усвоена методологијата за покривање на предизборните и изборните активности од страна на телевизиите и на радиодифузерите на 100 дена пред денот на изборите. Во документот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги клучни одредби се дека активностите на партиските и функционерите на државна и локални ниво ќе бидат вклучени во вкупното време и за властаи за опозицијата. Казните ќе следуваат по десетиот прилог кој нема да одогавара на стандардите пропишани со методологијата.
Од стручната случба појаснија дека во вкупното време за покривање на државните органи се изземени активностите на претседателот на државата кои се однесуваат на односите со другите државни, протоколарните активности и оние кои се поврзани со кризни или вонредни состојби во земјава.
Според членот на Агенцијата, Зоран Фидановски, со оваа методологија значително ќе се подобри балансираноста во известувањето за активностите на субјектите од власта и од опозицијата.
Во методологија исто така е потенцирано дека во вкупното мерење нема да се земаат предвид активностите на граѓанските и невладиниот сектор, туку само во оној момент кога ќе протежираат ставови блиски до актуелната власт или до опозицијата.
Игор Панов
