Рестартиран рудникот „Злетово“
По неколкумесечна подготовка бугарскиот концесионер „Минстрој“ денеска ја доби дозволата за работа и ја извади првата количина на руда од рудникот. Почетокот на работата на рудникот е означен на Денот на рударите...

Рудникот за олово и цинк „Злетово“ – Пробиштип денеска го рестартираше производството. По неколкумесечна подготовка бугарскиот концесионер „Минстрој“ денеска ја доби дозволата за работа и ја извади првата количина на руда од рудникот. Почетокот на работата на рудникот е означен на Денот на рударите.
Инвестицијата на бугарски „Минстрој“, кој исто така ја има добиено и концесијата за рудникот „Тораница“ е 20 милиони евра. Ангажирани во моментов во рудникот Злетово се 300 работници, а за неколку месеци се очекува бројката да достигне до илјада кои, како што најави концесионерот, ќе работат во современи безбедни услови и ќе примаат повисоки плати.
Рестартирањето на еден од најстарите рудници денеска официјално го означија премиерот на Република Македонија Емил Димитриев, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за економија Дритан Кучи, бугарската министерка за енергетика Теменушка Петрова, претседателот на Бордот на директори на „Минстрој“ Николај Волканов, а присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
