Четврта ротација на словачки полицајци во Македонија
Словачката единица ќе биде распоредена во областа на Дојранското езеро за да ги спречува илегалната миграција и криумчарењето на мигрантите што зеде замав по затворањето на Западно-балканската рута.

Во земјава пристигнува новата смена од 25 словачки полицајци кои ќе бидат распоредени по должината на Македонско- грчката граница, за спроведување заеднички патроли со припадниците на македонската полицијата.
Словачката единица ќе биде распоредена во областа на Дојранското езеро за да ги спречува илегалната миграција и криумчарењето на мигрантите што зеде замав по затворањето на Западно-балканската рута.
Досега во земјава ротираа 100 словачки полицајци, и тие се дел од европскиот полициски контигент од осум држави што патролира долж границата меѓу Македонија и Грција.
По октомври годинава се најавува нов миграциски бран, поради сѐ поизвесниот неуспех на договорот меѓу Брисел и Анкара околу миграциската криза, поврзан со овозможување на визна либерализација на Турција.
