Бомбашки напад врз бриселскиот Институт за криминологија
29.08.2016 08:54
Според телевизијата РТЛ, еден или повеќе напаѓачи со автомобил ја пробиле оградата околу три часот утрото и потоа ја детонирале бомбата во близина на лабораторијата...

На Институтот за криминологија во северен Брисел утрово експлодира бомба, но нема повредени лица, бидејќи зградата во тоа време била празна.
Според телевизијата РТЛ, еден или повеќе напаѓачи со автомобил ја пробиле оградата околу три часот утрото и потоа ја детонирале бомбата во близина на лабораторијата. Експлозијата предизвика пожар.
