Ќе се минираат карпи во Шипковица

29.08.2016 10:39

Минирањето ќе биде на крајот на селото, на локацијата погодена од поројните дождови и поплави...

Во селото Шипковица, Тетовско, денеска ќе бидат минирани карпите кои, по неодамнешните поплави, се закана за жителите од овој регион.

Минирањето ќе биде на крајот на селото, на локацијата погодена од поројните дождови и поплави, а на него ќе присуствува и ќе го следи министерот за одбрана Зоран Јолевски.