Руски систем за противвоздужна одбрана распореден во централен Иран
29.08.2016 11:29
Ајатолахот Хамнеи изјави дека се работи за дефанзивен, а не офанзивен систем, кој Американците не сакаат да се најде во рацете на Иран.

Рускиот систем за противвоздушна одбрана е распореден во централен Иран за заштита на нуклеарниот објект „Фордо“. Зенитно- ракетни системи Ес-300 се стационирани во базата Хатам ал Анбија.
Ајатолахот Хамнеи изјави дека се работи за дефанзивен, а не офанзивен систем, кој Американците не сакаат да се најде во рацете на Иран.
Целта е да се зголеми одбраната за непријателот да не може да помисли да ја нападне исламската република, додаде Хамнеи.
