Ердоган: Турција ќе се бори против ИД и курдските милитанти
„Нема да прифатиме терористичка активност на нашите граници. Бомбите што ги активираат терористите утре ќе им експлодираат во сопствените раце“, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

„Турција ќе се бори и против курдските милитанти и против џихадистичката групација Исламска држава“, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган на собирот во Газинатеп каде што загинаа 55 лица во напад за време на свадба.
„Нема да прифатиме терористичка активност на нашите граници. Бомбите што ги активираат терористите утре ќе им експлодираат во сопствените раце“, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.
Педесетина тенкови и стотици турски војници влегоа во Сирија како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“ чија цел е да им овозможи на сириските бунтовници да го заземат пограничниот град Џараблус од рацете на Исламската држава и да се спречи напредувањето на сириските Курди.
