Сириски авиони бомбардираа кварт во Хомс

29.08.2016 11:51

Лани со посредништво на Обединетите нации беше постигнат договор за евакуација на војниците со етапен план, кој предвидува ограничена контрола на Владата во градот.

Сириски авиони го бомбардираа квартот Ал Ваер во Хомс, што го контролираат бунтовниците. Според локалните жители, во серијата напади загинале најмалку седум лица, а десетици се ранети.

Лани со посредништво на Обединетите нации беше постигнат договор за евакуација на војниците со етапен план, кој предвидува ограничена контрола на Владата во градот.

Оттогаш нема напредок во спроведувањето на планот, според кој другите војници треба да го предадат оружјето.

Хомс беше центар за војување против претседателот Башар ал Асад.