Финансиска поддршка на средношколци од социјален ризик
Заинтересираните може да аплицираат во центрите за социјалани работи до 30 септември, за ова се обезбедени 72 милиони денари. Секој ученик ќе добие 12.000 денари.

Од денеска распишан јавниот повик за условен паричен надоместок за учениците во средните училишта кои потекнуваат од социјално ранливите категории. Заинтересираните може да аплицираат во центрите за социјалани работи до 30 септември, за ова се обезбедени 72 милиони денари. Секој ученик ќе добие 12.000 денари.
„Се предвидува ова парично право да се реализира квартално со исплата на финансиската поддршка на мајките на овие деца. Сите оние кои редовно посетуваат настава, односно присуствуваат на повеќе од 85 проценти од часовите, ќе добијат дополнителна финансиска поддршка“, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Проектот стартуваше во 2010-тата година и досега беа распределени 409 милиони денари.
