МВР доби 25 возила- донација од Чешка

29.08.2016 13:02

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков истакна дека оваа донација е исклучително важна за потребите на граничната полиција која моментно се справува со мигрантската криза на јужната граница.

Со помош од чешката влада, Министерството за внатрешни работи набави нови возила за справување со мигрантската криза. Вкупната донација е 740 илјади евра.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков истакна дека оваа донација е исклучително важна за потребите на граничната полиција која моментно се справува со мигрантската криза на јужната граница.

Имаме набавено 25 возила кои ќе бидат во функција на граничната полиција и тоа ќе биде силно засилување на вкупните капацитети на граничната полиција во МВР и не само тоа, туку генерално и на сите капацитети на Република Македонија во справувањето со бегалската криза бидејќи овие предизвици не завршија со затворањето на западната балканска рута, рече министерот Чавков.

Според него, Македонија и понатаму е изложена на активности поврзани со превенирање и сузбивање на криминални мрежи коишто се актуелни, а кои затворањето на балканската рута сакаат да го заменат со нивните организирани криминални активности на меѓународно ниво.

Со донацијата, посочи министерот Чавков, МВР ќе покаже уште посилен капацитет во справувањето со разбивањето на криминалните мрежи кои ја злоупотребуваат неволјата на бегалците.