Завршуваат проверките на спорните гласачи
29.08.2016 13:15
Оние кои не се пријавиле во законскиот рок ќе имааат дополнителна можност да се пријават во комисијата во текот на јавниот увид пред предвремените избори

Истекува рокот до кога ДИК треба да ги направи дополнителните проверки со спорните гласачи. Согласно со веќе утврдениот извештај на комисијата, не поднеле пријава 30.467 од вкупно 39.502 спорни гласачи.
Оние кои не се пријавиле во законскиот рок ќе имааат дополнителна можност да се пријават во комисијата во текот на јавниот увид пред предвремените избори за пратеници во Собранието.
