Нови распити во СЈО

29.08.2016 13:18

На распит денеска се и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а се очекува и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески.

Продолжуваат распитите во Специјалното јавно обвинителство. Денеска во обвинитетсвото на распит бил бизнисменот Орце Камчев. Тој не дал изјава за медиумите.

На распит денеска се и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, а се очекува и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески.

Засега нема информации за кои предмети станува збор и дали воопшто се оформени.