Над 60 жртви во напад на Исламска држава во Јемен

29.08.2016 13:31

Напаѓачот со возило влетал во група регрути каде што има припадници на Народниот отпор, локални сили кои и помагаат на армијата да ги протераат Хутите од главниот град Сана.

Во самоубиствен напад врз воен камп за обука во Аден загинаа најмалку 60 лица. Исламска држава ја презеде одговорноста.

Напаѓачот со возило влетал во група регрути каде што има припадници на Народниот отпор, локални сили кои и помагаат на армијата да ги протераат Хутите од главниот град Сана.

Судирите во Јемен почнаа по воената интервенција на Саудиска Арабија против шиитските бунтовници Хутите кои имаат поддршка од Иран.