Нема отстапка без оставка на Јанукович
Граѓаните остануваат на своите упоришта.

Граѓаните остануваат на своите упоришта.Нема промена на улиците на Киев откако синоќа Парламентот го усвои пакетот за амнестија на уапсените демонстранти во неодамнешните немири. Опозицијата го отфрли ова протестите продолжуваат се додека Претседателот Виктор Јанукович не се повлече од функцијата и не распише избори.
Македонците што живеат во Украина се сигурни дека ситуацијата ќе заврши без нови насилства.Така размислува Милош Спасиќ, роден скопјанец кој од свои седум години е во Киев.
Опозициските лидери имаат проблем да се договорат кој е предводник.Луѓето се збунети вели Игор Бигун од невладината Евромајдан која практично ги почна протестите уште во ноември лани. Амнестијата не е никаков успех ако нема реална уставна промена, вели тој.
„Со усвојувањето на законите, нашите власти се однесуваат како терористи, затоа што прво апсат луѓе, а потоа диктираат свои услови. Треба да овозможиме нови претседателски избори, да ги обновиме преговорите за асоцијација со Европската унија и да се вратиме на уставот од 2014, кога имавме парламентарна и претседателска република“, вели Бигун.
Последните реакции на Витали Кличко и Олег Тјагнибок навестуваат можни нови насилства.
„Народот веќе не се плаши, знае дека се бори за земјата, за својата иднина. И ќе победиме, сигурни сме. Без борба нема победа“, порача Витали Кличко, опозициски лидер од „Удар“.
„Реално, парламентот ги укина законите од 16. јануари, но за да стапи тоа ви сила, потребен е потпис од претседателот. А неговиот потпис го нема“, рече Олег Тјагнибок, опозициски лидер од „Слобода“.
Претседателот од денеска е на боледување, информира неговиот кабинет.Имал акутна респираторна болест и треска. Но во писмен допис до јавноста вели дека ги исполнил сите барања и ја нападна опозицијата дека подгрева тензии. Повика на мир и призна дека неговата влада направила грешки. Ова малку допира до демонстрантите.
Душко Арсовски-специјален известувач на МРТ од Украина
Снимател: Борис Каевски
