Трет круг гласање за избор на генерален сектеретар на ОН
29.08.2016 13:33
Во Советот за безбедност ќе се гласа за 10 кандидати меѓу кои и за Срѓан Керим кандидиран од македонската влада.

Денеска во Обединетите нации (ОН) ќе се одржи третиот круг на гласање за избор на генерален секретар на светската организација.
Со ова, по гласањето ќе биде познато кои се фаворити за функцијата, а кој ќе испадне од трката. Во Советот за безбедност ќе се гласа за 10 кандидати меѓу кои и за Срѓан Керим кандидиран од македонската влада.
По оваа селекција настапува директното преговарање меѓу големите сили, постојаните членки на Советот за безбедност за назначување на новиот генерален секретар.
