Заврши експериментот на НАСА- симулација на живот на Марс

29.08.2016 13:56

Од 29 август лани, шест лица живееја во целосна изолација еден од друг, без свеж воздух и со конзервирана храна...

На Хаваи заврши едногодишниот експериментален проект на НАСА за симулација на живот на Марс. Од 29 август лани, шест лица живееја во целосна изолација еден од друг, без свеж воздух и со конзервирана храна.

Учесниците можеа да излегуваат надвор само со скафандери. Ова е втор експеримент по рускиот проект „Марс - 500“ во кој шест лица поминаа 520 дена од јуни 2010 до ноември 2011 година.