Нови покриви и лифтови за жителите на Карпош
Градоначалникот Јакимовски најави и реконструкција на покривите и на индивидуалните и станбени објекти. Предвидена е и реконструкција и изградба на лифтови на колективните згради повисоки од пет ката...

По комплетирањето на изведбата на енергетско- ефикасни фасади на колективни станбени згради во Општината Карпош, градоначалникот Јакимовски најави и реконструкција на покривите и на индивидуалните и станбени објекти. Предвидена е и реконструкција и изградба на лифтови на колективните згради повисоки од пет ката.
Досега се имаат пријавено 45 колективни станбени згради за замена или изградба на покривите. Практично тоа значи замена на салонитните табли, кои што според наши сознанија се канцерогени, како и реконструкција на индивидуални станбени објекти кај граѓани кои пријавиле дека имаат салонитни табли, изјави Јакимовски.
Нагласи дека целта на оваа активност, во наредните пет до седум години е да нема ниту една куќа со салонитни табли. Потенцираше дека при замената на покривите ќе се користи исклучиво лим во бела боја, обезбеден со средства на буџетот на локалната самоуправа, кој ќе ја подобри и климатската состојба во Општина Карпош.
