Финансиска поддршка на средношколци од социјално ранливите категории

29.08.2016 14:35

Од денеска е распишан јавниот повик за условен паричен надоместок за учениците во средните училишта кои потекнуваат од социјално ранливите категории. Заинтересираните може да аплицираат во центрите за социјални работи до 30 септември, за ова се обезбедени 72 милиони денари. Секој ученик ќе добие 12.000 денари...

Средношколците кои потекнуват од семејствата од социјално ранливите категории, а кои редовно посетуваат настава ќе добијат државна помош од 12.000 денари за претстојната учебна година. Во тек е огласот кој ќе трае до 30-ти септември.

На јавниот повик можат да аплицираат во центрите за социјални работи. За школската година обезбедени 72 милиони денари за социјална поддршка 6.000 средношколци.

„Програмата на условен паричен надоместок предвидува финансиска поддршка од 12.000 денари за учениците во средно училиште кои редовно посетуваат настава, а кои се членови на домаќинства кои се приматели на социјална парична помош. Сите заинтересирани потребно е да аплицираат во центрите за социјални работи до 30 септември. Се предвидува ова парично право да се реализира квартално“, изајви министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Оваа програма почна пред шест години, и досега се реализирани 409 милиони денари за 46 илјади средношколци кои се корисници на овој вид условен паричен надосместок.

 

Дијана Ценевска