Бесплатна правна помош за поплавените
Од денеска новина за жителите од погодените подрачја, се делат бесплатни правни совети за најгорливите прашања. По тампонирањето на улиците, дел од нив ќе бидат асфалтирани, велат од општината...

Се расчистува теренот, домовите. Се поставува тампонот на улиците во Стајковци. Новина од денеска за жителите кои претрпеа штети во поплавите, се бесплатните совети на Здружението на млади правници. Канцеларијата сѐ уште не е докрај оспособена, но 10-тина граѓани веќе побарале помош.
Најмногу интерес имало за легализација на имот, но имало и случај со консултација за два записника за иста куќа. Над две и пол илјади жители на Стајковци ја добија авансната помош.
„Министерството за финансии веќе го ажурира новиот список, првичната помош е во голем процент распределена, но има проблем со одредени банки. Станува збор за мал број на луѓе, запишани се на список па банките и министерстовото ќе го решат проблемот“, вели Тони Бојчевски, координатор на Општина Гази Баба за Стајковци.
„Син ми е целосно обештетен, јас не сум оштетен толку“, вели еден жител на Стајковци.
По тампонирањето, е најавено и асфалтирање на улиците според одреден редослед велат во Гази Баба, за да не се создаде метеж од тешката механизација, со камионите и автомобилите на жителите во овој дел на скопскиот регион.
Миле Ристески
