Локвенец: Безбедносните закани се реалност

29.08.2016 15:32

За миграциската криза како првенствен безбедносен предизвик, и за заканите од можни терористички напади, во Собранието расправаше и Комисијата за надзор на работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање.

Како и секаде во регионот, така и кај нас безбедносни ризици постојат, но состојбата будно се следи. Вакво уверување од надлежните добиле членовите на собраниската Комисија за надзор на работа на УБК и на Агенцијата за разузнавање.

Во состојба под закана од безбедносна мигрантска криза и терористички напади, директорите на УБК, на Агенцијата за разузнавање и за воено разузнавање потенцирале дека сите закани будно се следат.

Според претседателот на Комисија, Локвенец, информациите презентирани од страна на УБК, на АР и на Военото разузнавање за безбедносната состојба од аспект на можните закани од тероризам и бегалската криза, се комплементарни, иако станува збор за информации од различен опсег и ја креираат генералната слика.

Седницата на Комисијата беше затворена.