Ердоган би победил на избори и покрај се
Ако во Турција се одржат избори уште овој викенд, ќе победат премиерот Ердоган и неговата партија...

Ако во Турција се одржат избори уште овој викенд, ќе победат премиерот Ердоган и неговата партија, објави агенцијата за истражување на јавното мислење Метропул. Во борбата за влијание меѓу Ердоган и исламскиот проповедник во егзил Фетулах Гулен, премиерот би победил со најниска поддршка во изминатите години.Двете страни забрзано го губат улгедот, оценува шефот на агенцијата за мерење на јавното мислење Метропул, Озер Санчар.
Турската влада беше потресена од голем корупциски скандал поради кој оставки си дадоа тројца министри. На ова Ердоган одговори со чистки во полицијата и обвинувања за „судски удар“.
„Во сите демократски земји важна е поделбата на моќта. Тоа е направено внимателно. Што се однесува до владеењето на законот, земјите што ја почитуваат демократијата никогаш немале проблем со тоа“, изјави премиерот Ердоган на 21.01.2014.
Поддршката за политиката на Ердоган падна за речиси 10 проценти, на 39,4 насто во споредба со лани. Рејтингот на Гулен претрпел штета од околу 16 проценти и сега е 46,5 насто. Ако парламентарните избори се одржат в недела, партијата на Правдата и развојот на Ердоган би освоила повеќе гласови, но пола помалку отколку на изборите во 2011 година. 24 проценти од испитаниците се изјасниле негативно за Гулен кој живее во Америка и има милиони следбеници на неговото движење Хизмет - веруваат дека истрагата за корупција е обид за удар против владата на Ердоган.
Ивана Салтировска
