Канческа-Милевска: Во СЈО го потенцирав законското работење на Министерството за култура

29.08.2016 17:00

По завршувањето на распитот Канческа - Милевска изјави дека била повикана во својство на сведок, не потенцирајќи за кој предмет.

Во Специјалното јавно обвинителство денеска на распит беше министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска. По завршувањето на распитот Канческа - Милевска изјави дека била повикана во својство на сведок, не потенцирајќи за кој предмет.

„Сакам да го изразам моето задоволство за поканата во СЈО каде што можев да го истакнам и да го потенцирам законското работење на Министерството за култура“, рече минстерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска по тричасовниот распит во СЈО.

Министерката за култура посочи дека не е овластена да дава изјави за предистражните постапки бидејќи се тајни.