НБРМ: Стабилизирање на депозитната база

29.08.2016 17:06

Според најновиот извештај на Народна банка, искористеноста на депозитниот потенцијал за кредирање во јуни изнесувала 92,7 проценти.

Во мај и јуни банкарите регистрираат стабилизирање на депозитната база. Умерен раст на депозитите на домаќинствата, намалување кај корпоративниот сектор.

Според најновиот извештај на Народна банка, искористеноста на депозитниот потенцијал за кредирање во јуни изнесувала 92,7 проценти.

Имало пад на нефунционалните кредити од 3,8 насто на годишна основа. Кај приватниот сектор пак, забележан е месечен раст на кредирањето за 1,5 насто.

Во шестиот месец има зголемување на годишната стапка на вкупните кредити за 3,5 проценти, во вториот квартал растот достигнал 7,726 милиони денари.