Почнува изградбата на гасоводот на делницата Штип-Неготино

30.08.2016 08:42

Изградбата на делницата Штип - Неготино е втор дел од Проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Република Македонија...

Почетокот на изградбата на магистралниот гасовод на делницата Штип - Неготино ќе биде означен денеска.

Како што информираат од Акционерско друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ Скопје во државна сопственост, изградбата на делницата Штип - Неготино е втор дел од Проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Република Македонија.