Околу 6.500 бегалци се спасени во Средоземното Море за само еден ден
30.08.2016 08:46
Kомандниот центар координирал 40 спасувачки операции, во кои учествувале бродови од Италија, како и европската гранична агенција Фронтекс...

Италијанската крајбрежна стража соопшти дека вчера координирала со акција за спасување на околу 6.500 мигранти од брегот на Либија.
Како што наведе на Твитер крајбрежната стража, командниот центар координирал 40 спасувачки операции, во кои учествувале бродови од Италија, како и европската гранична агенција Фронтекс.
Спасени се 6.500 мигранти, нагласи италијанската крајбрежна стража.
