Со гасот се намалуваат сметките во Илинден

30.01.2014 17:58

Десетина години радијаторите во куќата на семејството Панковски не се користат.

Десетина години радијаторите во куќата на семејството Панковски не се користат. И тие, како и поголем број од домаќинствата во Илинден се греат на дрва. На крајот од зимата трошокот е голем. Плаќаат 50 евра за струја месечно и плус 500 евра за дрвата што ги купиле.

-Ако дојде гас, ќе го честам цело село. Тоа е поубаво,гасот е поевтин и од струјата,поевтин е и од нафтата.Од дрвата да не зборуваме. - вели Драган Панковски жител на општина Илинден.

Неговиот роднина кој живее во Трубарево која потпаѓапод Општина Илинден се надева дека нема да мора да купува по 15 кубика дрва секоја година и згора на се да плаќа и струја.

Јас би бил најсреќен кога би биле опфатени со гасификацијата, тоа е најевтино. рече Божидар Лазаревиќ, жител на Трубарево.

Компанијата која ќе го врши приклучокот ќе биде должна да му овозможи на секој корисник да плати приклучна такса од 1,25 евра по квадратен метар и за станбен простор и за комерцијален објект.

Компаниите кои се наоѓаат во општината кои работат, како и за потенцијалните инвеститори,тоа е поевтин енергенс што ќе го зголеми производството. смета  Жика Стојановски, градоначалник на општина Илинден.

Периодот на примарна градба е пет години, приклучувањето и испораката се предвидени да почнaт во втората година.

Општината Илинден е една од 17-те општини во скопксиот регион која наскоро ќе добие гас. Гасот ќе ги намали тошоците на компаниите и на домаќинствата од 24 до 50 проценти.

Наташа Јанчиќ