ФБИ уапси маж од Масачусетс кој имал намера да го убие Барак Обама

30.08.2016 10:19

Џозеф Гаргало планирал да го изврши атентатот додека претседателот бил на одмор на островот Мартас Винард.

ФБИ уапси жител на американската држава Масачусетс, осомничен дека имал намера да го убие претседателот Барак Обама.

Џозеф Гаргало планирал да го изврши атентатот додека претседателот бил на одмор на островот Мартас Винард.

При претресот на неговиот дом биле пронајдени оружје, муниција и експлозиви.

Гаргало е под лупата на Бирото уште од минатиот месец.