Објавена радиската комуникација која открива планови за напад на авионот на Ердоган

30.08.2016 10:32

Според снимката, пилотите планирале да го соборат авионот во кој бил претседателот Ердоган.

Објавена е радиска комуникација во која се откриваат планови за напад врз авионот на турскиот претседател Ердоган на денот кога беше извршен неуспешен обид за воен удар.

Според снимката, пилотите планирале да го соборат авионот во кој бил претседателот Ердоган.

Воените офицери кои се дел од организацијата на имамот Фетула Ѓулен давале наредби и за бомбрадирање на неколку клучни згради, вклучувајќи ги парламентот и претседателскиот комплекс.

Во обидот за пуч на 15 јули загинаа скоро 300 луѓе, а илјадници беа повредени.