Рид: ФБИ да истражи дали Русија е вмешана во американските избори

30.08.2016 11:37

Според Рид, постојат докази за директна врска меѓу владата во Москва и кампањата на Доналд Трамп.

Лидерот на демократите во американскиот Сенат, Хари Рид, бара ФБИ да истражи дали Русија е вмешана во американските избори, вклучувајќи ја и можноста за фалсификување на изборните резултати.

Според Рид, постојат докази за директна врска меѓу владата во Москва и кампањата на Доналд Трамп.

Во писмото до ФБИ тој го наведе и хакерскиот упад во компјутерските мрежи на политичките организации на демократите.