19 полицајци повредени на Корзика

30.01.2014 18:02

19 полицајци од коишто 17 припадници на специјалните единици се повредени на францускиот остров Корзика...

19 полицајци од коишто 17 припадници на специјалните единици се повредени на францускиот остров Корзика во судирите меѓу полицијата и демонстрантите. Корзиканската националистичка организација „Независност на младите“ организирала протест барајќи да им се признае јазикот, да се намали данокот и да се применат уставните реформи одборени од Собранието на Корзика, на што се противи француската влада. Медиумите не наведуваат дали има повредени граѓани, бидејќи пристапот до информации на островот е доста ограничен.

Големо невреме проследено со обилни дождови и силен ветер ги погодија северните делови на Австралија. Илјадници жители се подготвуваат за циклонот кој се повеќе се приближува кон брегот. Ваквото време следува по сушниот период во земјата и за многумина е добредојдено.

„Ни треба вакво време. Ова е дождот што ни треба за да имаме вода. Едноставно е прекрасно“.- велат граѓаните

Полицијата во Сочи идентификуваше двајца наводни бомбаши самоубијци за кои се верува дека се одговорни за смртоносните напади во Волгоград. Обезбедувањето во Сочи во пресрет на Зимската олимпијада урива рекорди, поради што се смета дека ова ќе бидат најскапите олимписки игри во историјата. За споредба, за безбедноста ќе се грижат 100 000 војници и полицајци, што е четирипати повеќе отколку на Олимпијадата во Лондон пред 2 години.

Марина Автовска