Oбјавена радиска комуникација од планот за напад на авионот на турскиот претседател
Објавена радиската комуникација која ги открива плановите за напад на авионот на турскиот претседател Eрдоган при обидот за пуч на 15-ти јули. Во Tурција денеска се одбележува националниот празник на победата, за првпат без воена парада...

Во јавноста протече радиска комуникација во која се откриваат планови за напад врз авионот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на денот кога беше извршен обидот за воен удар. Според транскриптот, пилотите кои учествувале во пучот на 15 јули планирале да го соборат претседателскиот авион. Комуникацијата се одвива меѓу офицери лојални на организацијата на имамот Фетула Ѓулен кои издале наредби и за бомбардирање на неколку клучни згради, вклучувајќи ги парламентот и претседателскиот комплекс. Во обидот за пуч загинаа скоро 300 луѓе, а илјадници беа повредени.
Властите почнаа серија масовни чистки во државните институции. Уапсени се илјадници лица осомничени за поврзаност со пучистите. Во турската армија се спроведува темелна реорганизација. Во ваква атмосфера, годинашниот Празник на победата се одбележува без традиционалната воена парада во Анкара и во Истанбул.
Поради смртоносните терористички напади, наместо прием, претседателот Ердоган во својата резиденција организира ручек за роднините на загинатите.
На 30 август 1922, турската армија предводена од Мустафа Кемал Ататурк извојувала победа против грчката армија, со што новата Турска Република ја утврдила независноста која официјално била прогласена вo наредната 1923 година.
