Санирање на најкритичните точки на браните на реката Пена

30.08.2016 13:23

Најкритични точки се трите целосно уништени брани на реката Пена, чистење на речното корито и негова санација во должина од скоро два километри и продолжување на регулацијата во урбаната зона во должина од еден километар, изјави министерката за локална самоуправа Ширет Елези.

Потпишан договор меѓу министерството за локална самоуправа и УНДП вреден 330 илјади евра за санирање на најкритичните точки на браните на реката Пена во Полошкиот регион. Во првата фаза министерството од буџетот одвои 200 илјади евра.

Најкритични точки се трите целосно уништени брани на реката Пена, чистење на речното корито и негова санација во должина од скоро два километри и продолжување на регулацијата во урбаната зона во должина од еден километар, изјави министерката за локална самоуправа Ширет Елези.

Според постојаниот претставник на УНДП, Лујза Винтон, екстремните временски настани се наша нова реалност и дека она што ни се случуваше на секои 100 години сега може да се очекува на секои 50 па дури и почесто.

УНДП внимателно ги анализираше ризиците од поплави во Полошкиот регион истовремено со други студии на сите речни корита и планински поројни реки во земјата. Во секој случај, овие студии посочуваат широк спектар на мерки кои можат да се преземат за да се заштитат животите и имотите на луѓето и да се спречи екстремното време да предизвика катастрофа, истакна Винтон.

Реконструкцијата и поправката на трите оштетени брани на реката Пена се очекува да заврши до крајот на оваа година.