Средба на Канческа со лауреатот Атвуд
Министерката Канческа- Милевска оствари средба со годинашниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Маргарет Атвуд...

Првпат доаѓа во Македонија и воопшто на Балканот, добитникот на Златниот венец, канадската поетеса Маргарет Атвуд, ги искажа своети импресии од учеството на Струшките вечери на поезијата. Вели да се чита поезија на својот мајчин јазик е прекрасно чувство.
Струшките вечери на поезијата се најголем национален бренд кој го отсликува македонскиот идентитет и културни и историски вредности, вели министерката Канческа.
Преводот на делата на Атвуд на македонски јазик ќе остави траги и во иднина, изјави директорот на СВП. Струшките вечери на поезијата се голем триумф на македонската култура и традиција. На еден благороден начин го збогатуваат европскиот и светскиот културен простор.
Славната поетеса пред заминување ги посети Археолошкиот музеј, локалитетеот Стоби и Скупи. Од Македонија ќе понесе македонски традиционални подароци од рачна изработка.
Дијана Ценевска
