Систем „капка по капка“ и квалитетни ѓубрива за двојни приноси на пченка
Истемот „капка по капка“ и употребата на течни напредни ѓубрива довјоно ги зголемуваат приносите, особено кај силажната пченка. Овие мерки го унапредуваат земјоделското производство, сметаат агрономите. За четири години, системите „капка по капка“ веќе ги користат 500 земјоделци...

Илчо Даскалоски од прилепско Мало Коњари е еден од најпродуктивните земјоделци во пелагониско. Со системот капка по капка и со напредните течни ѓубрива двојно ги зголеми приносите на силажна пченка и ги намали трошоците на производство, обезбедувајќи ја храната за добитокот. Ја почна жетвата на пет хектари.
Почна преку донација од УСАИД за еден, а продолжи со сопствени вложувања на уште два хектари. Ова се најповолни начини за напредно земјоделско производство.
Напредните мерки се за конкурентни цени на земјоделските производи.
За четири години 500 македонски земјоделци двојно ги зголемиле приносите со системот капка по капка. УСАИД со швајцарската влада финансираат на 280 хектари со пченка и сончоглед, а земјоделците сами вложиле во уште 480 хектари, дел субвенционирани од македонската национална програма.
Елизабета Митреска
