Нема договор за избор на петтиот член на ад хок телото

30.08.2016 15:11

Неизвесно е дали до утре за кога е најавена лидерска средба ќе се најде решение, откако еден од кандидатите Даут Даути се откажа од трката...

И денеска привремената комисија за следење на медиумското изборно претставување без договор за избор на петтиот член. Неизвесно е дали до утре за кога е најавена лидерска средба ќе се најде решение, откако еден од кандидатите Даут Даути се откажа од трката.

Мислиме дека ќе најдеме решение во потребниот рок. Се надевам дека во Комисијата ќе го одбереме најоптималното решение кое што ќе доведе Комисијата да одлучува легитимно, без проблематизирање и врз основа на методологијата, изјави Горан Трпеноски, еден од четворицата актуелни членови на Комисијата, кои со консензус треба да го изберат петтиот член.