Необичната риба не е опасна, нема простор за паника
„Нема простор за паника, пронајдените примероци од риба во Дојранско Езеро не се опасни за луѓето“- велат од Министерството за земјоделство. Станува збор за неавтохтон вид риба, блиска до пираната, што досега не е сретнат во езерото, ќе се вршат дополнителни испитувања...

Пронајдените примероци риба во Дојранско Езеро не се опасни за капачите. Нема потреба да се шири паника- констатираа надлежните институции. Ќе се вршат генетски испитувања, досега е утврдено дека е неавтохтон вид, не е пирана, и се храни со растителен свет.
Стручните лица велат- станува збор за црвеномешеста риба, амазонски паку, која наликува на пираните. ДНК анализите треба да го потврдат видот.
Според првичните истражувања, рибата е донесена однадвор, и најверојатно некој совесно или не, ја пуштил во езерото. Институциите велат станува збор за риба за аквариумски цели. Локалните власти се сомневаат факторот е човечки, некој сака да го уништи туризмот во Дојран.
На заедничка маса одговорните договорија состојбата да се следи, да се прави мониторинг на месечно ниво на рибниот фонд и на квалитетот на водата.
Сузана Фиданска- Стоевска
