Во фабрика за Кока-Кола во Франција откриени 370 килограми кокаин

31.08.2016 08:51

Дрогата била пакувана во пликови, сокриени во контејнер. Нејзината вредност е во висина од околу 50 милиони долари...

Работниците во фабриката за Кока-Кола во Син, близу до францускиот пристаништен град Марсеј, открија 370 килограми кокаин во контенјер, испратен од Јужна Америка, изјави обвинителот на Марсеј, Ксавие Тарабо.

Дрогата била пакувана во пликови, сокриени во контејнер. Нејзината вредност е во висина од околу 50 милиони долари.

Кокаинот бил оставен во петокот, додаде обвинителот. Се уште никој не е упасен, а истрагата е наложена на судската полиција во Марсеј, која ќе се обиде да го дознае потеклото на дрогата.