Трамп ќе оди во посета на Мексико
31.08.2016 10:54
Во текот на кампањата, Трамп ги осудуваше мексиканските доселеници, заканувајќи се дека ќе изгради ѕид на границата меѓу двете земји.

Републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп ќе оди во посета на Мексико. На својот профил на Твитер, напиша дека со нетрпение ја очекува средбата со претседателот Пена Њето.
Во текот на кампањата, Трамп ги осудуваше мексиканските доселеници, заканувајќи се дека ќе изгради ѕид на границата меѓу двете земји.
Претседателот Њето ја поканил и демократската кандидатка Хилари Клинтон, но таа се уште не потврдила дали ќе отпатува во Мексико.
