Над 10 жртви во тајфун што ја зафати североисточна Јапонија
31.08.2016 11:29
Јапонската агенција за метеорологија издаде предупредување за поплави и лизгање на земјиштето.

Над 10 лица загинаа во североисточна Јапонија во тајфунот што предизвика поплави. Девет лица починале во дом за стари и изнемоштени лица, а над 170.000 беа евакуирани.
Јапонската агенција за метеорологија издаде предупредување за поплави и лизгање на земјиштето.
Последниот тајфун во североисточна Јапонија беше регистриран во 1951 година.
