„Епл“: 14 милијарди долари не менуваат ништо
31.08.2016 12:23
Иако има над 200 милијарди долари резерви на своите сметки, компанијата планира да го обжали решението...

Компанијата „Епл“ објави соопштение до своите инвеститори, во коешто наведува дека даночните побарувања од Европската Унија, од скоро 14 милијарди долари, нема да променат ништо.
Иако има над 200 милијарди долари резерви на своите сметки, компанијата планира да го обжали решението.
ЕУ се обидува да ја затегне даночната политика, воведувајќи промени кои ќе ги засегнат странските компании, што пак би требало да ги зголеми приходите во буџетот на ЕУ.
