Меркел: Реагиравме предоцна за бегалската криза

31.08.2016 12:29

Во интервју за весникот „Зидојче Цајтунг“, Меркел изјави дека проблемот им го препуштила на Шпанија и на другите земји да се справуваат со нив.

Канцеларката Ангела Меркел призна дека Германија реагирала предоцна и покрај многубројните докази за бегалска криза.

Во интервју за весникот „Зидојче Цајтунг“, Меркел изјави дека проблемот им го препуштила на Шпанија и на другите земји да се справуваат со нив.

Пред една година таа ја изговори познатата фраза „Ќе успееме“, алудирајќи на бегалската криза.

Лани Германија прими 1,1 милиони бегалци.