Лондон: Состанок околу преговорите со ЕУ за Брезгит

31.08.2016 12:50

Состанокот се одржува во време кога медиуми пишуваат за судир меѓу владините министри околу Брегзит и идните односи на Британија со ЕУ. Министерот за финансии Филип Хамонд заговара останување на Британија на заедничкиот европски пазар, „во некои за Британија витални сектори“...

Британската влада денеска ќе одржи прва седница по летниот одмор, околу заедничкиот договор за пристапот на Лондон кон Брисел во преговорите за заминување од Европската унија.

Состанокот се одржува во време кога медиуми пишуваат за судир меѓу владините министри околу Брегзит и идните односи на Британија со ЕУ. Министерот за финансии Филип Хамонд заговара останување на Британија на заедничкиот европски пазар, „во некои за Британија витални сектори“, додека пак, други министри, сметаат дека земјата треба да го напушти и заедничкиот пазар на ЕУ, како што ја напушта Унијата. На реферерендумот од 23-ти јуни, британците со тесно мнозинство решија за напуштање на ЕУ.

По Брегзит, новата премиерка Тереза Меј неколку пати изјави дека преговорите за раздружување од ЕУ ќе почнат дури наредната година, кога Велика Британија ќе биде подготвена за преговорите. Засега нема навестување за тоа какви ќе бидат идните британско- европски односи.

Присуството на заедничкиот пазар на ЕУ, значи примена на европските правила за слободно движење на луѓе и работна сила, што беше и причина за референдумот и за излегувањето од Унијата- запирањето или барем на ограничувањето на влегувањето на мигрантите од Унијата.

Кандидатот за лидер на опозициските Лабуристи, Овен Смит изјави дека ако стане лидер ќе го блокира во Парламентот излегувањето од ЕУ, додека гласачите на нов референдум или на избори за парламентот, не потврдат дека го прифаќаат владиното решение.

Даунинг стрит 10, вчера првпат регираше со отфрлање на ваквата најава од Смит, тврдејќи дека нема законска обврска за една таква постапка.

Марина Автовска