Собраните средства од Црвен крст ќе се делат од наредната недела
31.08.2016 13:09
Според нив, неофицијлано 4.000- 4.500 семејства ќе добијат по околу 200 евра парична помош.

Заклучно со понеделник на сметката на Црвениот крст ќе има над милион евра, сума која ќе биде донирана на семејствата од поплавените подрачја, информираа од Црвен крст. Според нив, неофицијлано 4.000- 4.500 семејства ќе добијат по околу 200 евра парична помош.
Во однос на материјални добра, Црвениот крст досега дистрибуирал 34.232 пакети со храна 31.004 дневни и топли оброци, 46.377 литри млечни производи, 7.499 пакети со хигиена, 2.577 бебешки пакети, 317 тони вода, 586 душеци, 4.590 ќебиња, 600 килограми облека... Во активностите на Црвениот крст биле вклучени 200 лица професионалци и волонтери поделени во седум мобилни и два медицински тима.
