Нови вработувања за лицата со статус деца без родители и родителска грижа
31.08.2016 13:24
За реализација на овој проект за оваа година и за следната, обезбедени околу 2 милиони денари...

Објавен е јавен повик за вработување на 30 деца без родители и родителска грижа- информираше министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој го посети домот „11 октомври“.
За реализација на овој проект за оваа година и за следната, обезбедени околу 2 милиони денари. Со завршувањето на овој оглас вкупно ќе бидат вработени 173 лица кои што имале статус на деца без родители и родителска грижа во јавната и државната администрација, изјави министерот Спасов.
Во Министерство тие ќе поминат обука и ќе се стекнат со работно искуство. Дел ќе бидат вработени во ресорното министерство дел во останатите инстутуции.
